Рик Оувенс за Адидас

Американскиот авангарден креатор Рик Оувенс, кој од 2003 години живее и работи во Париз, ќе дизајнира колекција на патики за спортскиот гигант Адидас.

рик И тоа е модната вест на денот. Кога си Рик Оувенс можеш и да избираш со кого ќе соработуваш, а бидејќи тој е во последно време целосно посветен на спортот изборот е вистински погодок.

Еве како Оувенс ја опишува иницијативата за соработка со Адидас: „Кога почнав да трчам размислував кои патики да ги одберам, па посакав да ги дизајнирам онака како што јас сметам дека треба да изгледаат. Не можам веќе да спортувам со некакви кошаркарски патики зашто ќе личам на диносаурус кој трча“, се шегува дизајнерот.

Патиките ќе бидат презентирани на модната ревија на Оувенс која ќе се одржи на 26-ти јуни во Париз, а на продажба ќе се најдат на почетокот на декември по цена од 400 – 500 долари.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...