Рита Ора – изненадување на модната писта на Миу Миу

Поп-ѕвездата се појави на модната писта на ревијата на Миу Миу за колекцијата есен/зима 2020/2021 година на Париската модна недела.

Меѓу вообичаените познати убавици на модната писта, од Бела Хадид до Адут Акех, на пријатно изненадување ја видовме и пејачката Рита Ора.

29-годишната британска ѕвезда со албанско потекло се појави на модната писта на ревијата на Миу Миу, облечена во долг син капут во воен стил, украсен со црвени детали – модел кој е еден од клучните на колекцијата.  Фризурата пак, е макси-брановидна, инспирирана од стилот на 1940-те, а изгледот е надополнет со кожени ракавици и чевли со многу висока платформа.

Рита со леснотија се снајде во улогата на супермодел. Ова е нејзино прво појавување за Миу Миу, иако моделството не и е слаба страна – до сега се појавила на модните писти на ревии на DKNY и Moschino.

x

Check Also

Меган Маркл критикувана од Холивуд за документарниот филм на Дизни: Непотребно помпезна, како патка во езерце…

Војвотката од Сасекс беше студено пречекана од филмските критичари: таа беше наречена ...