Рита Ора

Дуа Липа со шминката ги воодушеви фановите

На 31-ви јануари, Дуа Липа го лансираше новиот сингл насловен „Physical”, а за приликата се посвети на бјути изгледот со мејк-ап исклучително поп. Со нагласено руса коса, пејачката одбра драстична сина шминка во колорблок.

Дуа Липа ја започна 2020 година со многу прецизни идеи за шминка. Веќе на „Греми 2020“, таа се појави со шминка и изглед инспирирани до 90-те години – со биколорна коса и нагласена сенка за очи во сина и виолетова нијанса. За шминката и косата била задолжена стилистката, која соработува со Липа, Саманта Лау.

За видеото на новиот сингл пак, пејачката соработувала со друга стилистка, Лиза Елдриџ, која била задолжена и за изгледот на коверот на новиот албум, фотографиран од Уго Комте. За оваа прилика, ацентот е на уште една жива нијанса – жолтата.

 

x

Check Also

Принцот Чарлс го помина коронавирусот со благи симптоми, ѝ се обрати на јавноста

Принцот Чарлс зборува за прв пат по излегувањето од самоизолација. 71-годишниот наследник ...