RITUALS Cosmetics е блиску до Вас, пронајдете среќа во малите нешта (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Ние не сме тука за да ви продадеме убавина, ние сме тука за да направиме да се чувствувате добро“.

Ги има насекаде: во секој момент, секој ден, чекаат да бидат откриени, желни да ја споделат убавината во нив. Тоа се тие навидум бесмислени или безначајни моменти, што сите имаме тенденција да ги превидиме и да ги одминеме.

Производите на RITUALS Cosmetics ги откриваат овие моменти и ве потсетуваат да ги доживеете со радост.

Без разлика дали станува збор за подолго време поминато во опуштена купка или туширање или создавање домашна атмосфера со богат мирис на азиски темјан, производите на  RITUALS Cosmetics Ви овозможуваат да пронајдете среќа во најмалите нешта.

Инспирирани од мудроста и античките традиции на азиските култури, создадовме широка колекција луксузни, но прифатливи производи за домот и за нега на тело. Се надеваме дека ќе го збогатиме вашиот живот користејќи уникатни мириси, кои се внимателно дизајнирани и составени од најдобрите светски дизајнери на парфеми.

Еден убав мирис има моќ да го трансформира вашето расположение, да ви привлече изгубени сеќавања и да ве прегрне со чувство на удобност и благосостојба.

Дизајнот на нов парфем може да се спореди со создавање на уметничко дело: ние внимателно ги откриваме и комбинираме сите соодветни состојки со цел да го креираме уникатно привлечниот карактер на секој мирис што го создаваме.

Производите на RITUALS Cosmetics, можете да ги најдете на следните две локации:

Аптека Бета фармација (BetaPharmacia), ул Рузвелтова бр 24, Скопје

и продавница Бета џувелс&козметикс (BetaJEWELS&Cosmetics), ул. Ленинова бр. 33а, Скопје.

x

Check Also

Тага во модниот свет: дизајнерот Кензо Такада почина од коронавирус, ќе го паметиме по моќта на цветниот принт

Јапонскиот дизајнер Кензо Такада почина на 81-годишна возраст од компликации на коронавирусот. ...