Рижото со морски плодови во сос од бело вино

Сезоната на потопли денови бара и полесна храна. Подгответе го рижотото со морски плодови според италијански рецепт.

Потребни намирници – 400 грама ориз, 150 грама грашок (може, но и не мора), 500 грама морски плодови (по желба или мешани), 200 мл бело вино, 1 лажица сос од домати, 1 главица ситно исечкан кромид, 50 грама путер, 3 лажици маслиново масло, 1 лажица сечкан магдонос, малку шафран (може, но и не мора), сол и црн пипер.

Подготовка

Сварете го виното, потоа морските плодови додадете ги во него и варете уште 5 минути. Извадете ги морските плодови од виното, а во виното додадете уште 500 мл вода.

Во меѓувреме на тавче загрејте половина од путерот со малку маслиново масло. Додадете го кромидот и пропржете го. Потоа додадете го и оризот и така пржете го 3 минути со постојано мешање. Додадете сол, црн пипер и 1 лажица доматен сос.

Во тавчето со оризот додадете половина од водата со виното во која ги варевте морските плодови , за неколку минути додадете уште половина од водата со виното. На крајот додадете го грашокот и оставете се заедно да се вари половина час. Доколку смесата е густа додадете уште филџан вода.

По половина час додадете ги морските плодови, преостанатата половина путер, исечканиот магдонос и остатокот од маслиновото масло. Се добро промешајте и специјалитетот е готов.

Декорирајте со малку шафран или магдонос и послужете со парче сирење.

x

Check Also

Превкусни медитерански лепчиња

Брз рецепт за (не)домаќинки. Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат ...