Роберт де Ниро на чекор пред развод, фановите навиваат за смирување

Веста за разводот на славниот глумец Роберт де Ниро одекна во медиумите низ светот. Глумецот после 20 години брак се раздели од легендарната партнерка со која има две деца. Но, иста ваква разделба имаа и во 1999 година, дали ова ќе биде сепак, дефинитивен крај, или ќе следува смирување?

Роберт де Ниро (75) кој важеше во Холивуд за многу верен сопруг на Грејс Хајтауер со оваа разделба разочара добар дел од своите фанови кои навиваат да се смират.

Медиумите пишуваат дека парот подолго време не живее заедно, иако на црвениот тепих на премиерите, секогаш се појавувале заедно, се до неодамна, кога Де Ниро, двапати се појавил сам.

Двајцата се запознале во луксузен ресторан во Лондон, кадешто Грејс работела, а свадбата се случила во 1997, а веќе следната година го добиле првиот син, Елиот.

Во реалноста, не е првпат да се разделат. Во 1999. биле на чекор до развод, со големи кавги околу старателството за првото дете. Во 2014 го добиле второто дете, ќерката Хелен Грејс, од сурогат мајка.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...