Ролат од компири со спанаќ и риба

Намирници- 1 кг компири, 100 грама маргарин, 200 грама исчистена од коски риба (може било која риба, може и лосос, ослич или пак, туна од конзерва), 200 грама спанаќ, 200 грама моркови, сол, црн пипер, 2 чешниња лук.

 Подготовка

Компирот сварете го во посолена вода, додајте го маргаринот и изматете. Три парчиња проѕирна фолија намачкајте со масло и развлечете три еднакви кори од пирето. На првата ставете фил од иситнетата риба и сварениот спанаќ зачинет по вкус, на втората кора ставете ја мешавината од риба и испасираните моркови зачинети по вкус, а на третата – мешавина од риба, спанаќ и моркови. Секоја кора свиткајте ја во ролат и до сервирање ставете ги во фрижидер добро да се стврднат. Сечете на кругови и наизменично редете од сите три вида ролати на голема чинија за сервирање.

x

Check Also

15 корисни совети за успешно и лесно готвење!

Што е тоа што секоја трпеза треба да го има? Сол и ...