Додека јаготките се достапни во продажба за време на нивната сезона, дегустирајте го овој извонреден ролат од традиционалната германска кујна.
Подготовка
Отстранете ги жолчките од белките на јајцата. Прво изматете ги жолчките со шеќерот. Во друг сад помешајте го белото брашно со прашокот за пециво. Потоа, изматете ги белките додека да добиете цврст снег, а потоа со пластична лажица полека помешајте го „снегот“ од белки со жолчките и шеќерот. Во таа смеса додадете го брашното и добро измешајте.
Сега смесата претурете ја во соодветен сад за печење и печете на 200 степени додека коричката не почне да се одвојува од садот. Тестото додека е сеуште жешко ставете го на мокра крпа и свиткајте го во ролат. Кога добро ќе се излади, одвиткајте го и нафилувајте го со павлака, наредете ги сечканите јаготки, ставете шлаг и повторно свиткајте го во ролат.