Кејт Мидлтон

Ролки во тренд, и Кејт Мидлтон и Меган Маркл ги носат!

Едноставните џемпери со ролка се повеќе стануваат ѕвезди на есента, и лесно е да се предвиди дека ќе бидат хит за оваа зима. И не само затоа што се наоѓаат во колекциите на популарните модни марки, туку затоа што се оваа есен омилени и на Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Меган Маркл

Без разлика дали се од кашмир, волна, со нагласена плетка, ребрести, тесни или предимензионирани, ролките имаат многу опции да се комбинираат со останатиот дел од гардеробата и да изгледаме шик.

За на работното место ги носиме со сако или со костум, за лежерни комбинации одлично „стојат“ со фармерки и кожена јакна, а за секси изглед одбираме кожена сукња и секако, високи потпетици.

Во есенските колекции на популарните „хај стрит“ брендови најдовме убави модели на ролки, некои од нив достапни во повеќе нијанси. Погледнете ги нашите фаворити.

mango

springfield

mango

mango

guess

diesel

x

Check Also

Нова колекција од ZARA во војнички стил (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Зара ја лансираше новата колекција за зима 2018/19 насловена SRPLS, а акцентот е ...