Ролован омлет на италијански начин

Овој лесен вкусен рецепт ќе ве спаси од главоболката што да готвите за денес.

slika 1000

Сте пробале ли да подготвите „кајгана“ на необичен начин. Италијанците се познати во светот со најразличните декорации и експерименти со кујната, а ролованиот омлет е брз специјалитет кој веќе премина во традиционално мени.

Еве како да го подготвите.

Потребни намирници – 3 јајца, 75 грама брашно, 2 лажици масло од сончоглед, 250 грама кашкавал, 5 кришки пршута, 2 пиперки (бабури), 1 шака босилек, 50 грамацрни маслинки.

Подготовка

Изматете ги јајцата, потоа додадете го брашното и зачинете по желба. Претурете ја смесата во тавата со загреано масло и печете десет минути додека смесата не се „поткрене“ и добие златна боја.

Парче хартија за готење ставете на мокра крпа па претурете го врелиот омлет врз хартијата.

Со помош на крпата направете ролат од омлетот и оставете го да се олади.

Потоа одвиткајте го омлетот, додадете во него рендан кашкавал, исечкан пршут,  ситно исечкани пиперки, босилек и ситно исечкани маслинки. Повторно завитајте го во ролат и пресечете го на кришки.

x

Check Also

Превкусни медитерански лепчиња

Брз рецепт за (не)домаќинки. Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат ...