Романтично гастрономско уживање во „Дистрикт“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ако сакате да доживеете едно поинакво гастрономско искуство без да го напуштите градот, посетете го ресторанот „Дистрикт“ во хотелот Скопје Мериот и препуштете се на волшебната атмосфера дегустирајќи врвни специјалитети дизајнирани од шефот на кујната Питер Татар и неговиот тим.

Питер Татар

Питер Татар

Тешко е да се доловат со зборови вкусовите со кои нашите непца флертуваа додека ги дегустриавме трите специјалитети на нашето мени, препорачани од господин Татар. За предјадење – гускино месо со пире од урми, чикорија и кора од портокал, специјалитет кој одлично се „бакнува“ со чаша црвено вино. И таман кога помислувате дека подобро и не може да биде, ве разуверува главното јадење кое е веќе поставено – лосос со путер од какао. Ви звучи необично? И нам, но и тоа како вреди да се проба! Ако сакате да продолжите понатаму со дегустациите, а секако ќе сакате, пробајте од лава-колачот или чизкејкот. А, може и од двете, кога веќе сте во „Дистрикт“.Зашто тука и сладоледот си има своја „тајна“ на приготвување. А состојките се носат од секаде низ светот, дури и оние кои служат само за декорација.

img_5717

Зад мајсторството на унгарецот Питер Татар стои едно прилично „дебело“ деловно портфолио. Тој веќе со години работи за ланецот на хотели „Мериот“, а бројни се земјите каде што престојувал и се грижел за дизајнирањето на совршена кујна. На наше задоволство сега е тука, ангажиран како шеф на кујна во „Дистрикт“ и Скопје Мериот. Оттука и не не чуди што менито е сосема поразлично од сите оние кои сме ги пробале во градот. Го прашуваме, во што е тајната?

img_572112

„Тоа што ние тука го нудиме е ново искуство за луѓето. Промовираме нови начини на готвење, при тоа служејќи се со врвна технологија и модерни машини за приготвување на храна, како што е Josper Grill“, објаснува Татар.

А како изгледаше нашата приготвена храна, уживајте во фотогалеријата.

img_5685

img_5687

img_5701

img_5710

img_5749

img_5769

img_5775

img_5788

img_5797

img_5803

x

Check Also

Магијата на италијанската кујна во Дистрикт бар и ресторан

Почнувајќи од 19-ти па сè до 26-ти ноември, Дистрикт бар и ресторан ...