Роналдо си купи „вселенски брод“ од 10 милиони евра

Кристијано Роналдо, не штеди на луксуз. Фудбалскиот ас си купи за себе еден од најскапите „суперавтомобили“ во светот. Не зборуваме за обичен Ферари или Ламборџини, присутен во гаражата на кој било ултра милионер, туку за Бугати во ограничена верзија. На целата планета има само десет примери, тоа е моделот „Chiron“, кој чини 8 милиони евра. Значителен трошок, со оглед дека оваа „машина“ е најскапа на пазарот денес.

 

Поради специфичните прилагодувања, автомобилот на Роналдо чини 10 милиони евра. Тој убавицата ја објави на својот Инстаграм профил.

Веќе спомнавме, основниот модел, без дополнителни опции, чини 8 милиони евра. Познатиот Bugatti не е било кој автомобил. Автомобилот беше претставен во 2019 година на Саемот за автомобили во Женева, има моќност од 1500 коњски сили, постигнува брзина од 380 км на час со забрзување од 0 до 60 км на час за само 2,4 секунди. Вселенски брод.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...