Роузи Хантингтон-Вајтли е лице (и тело) на новата кампања за долна облека на Marks & Spencer за лето 2021

Ангелот на Викторија сикрет, Роузи Хантингтон-Вајтли, повторно соработува со популарната марка Marks & Spencer, овојпат за линијата за долна облека за лето 2021 година.

Зад фотообјективот е Ања Холдсток, која на извонредните фотографии ја претставува русокосата во различни стилови на ноќна облека и долна облека.

Во дизајните учествуваше и самата Роузи која дизајнираше парчиња инспирирани од силуетите од 1920-тите со проширени набори и детали од француска тантела.

Популарни се и принт моделите – дамките од животни се издвојуваат на сатенските наметки, а палетата на бои вклучува нијанси на зелени фстаци, сина и класична црна боја.

x

Check Also

Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на Балканскиот рис

Балканскиот рис е критично загрозен затоа под итно треба да се преземат ...