Розе вината на „Тиквеш“ најдобри во регионот

 

На престижниот светски натпревар на розе вина „Le Mondial du Rosé 2016“, што се одржа во Кан, Франција, винарската визба „Тиквеш“ освои два сребрени медали за „Александрија куве“ и „Розе Класик“ од бербата 2015-та.

vino

Во исклучително голема и остра конкуренција од над 1.200 вина од целиот свет, тие се единствените наградени вина од Македонија. Од регионот, наградено е само уште едно вино од Бугарија.

vino 4

„Задоволни сме од овој најнов успех на нашите две викококвалитетни розе вина. Значењето на освоените медали на светскиот натпревар на розе вина е дотолку поголемо ако се знае дека најголемиот број наградени вина потекнуваат од најпознатите светски вински региони во Франција, Шпанија и Италија. Во светот на виното, вброувањето во тоа друштво е најдобрата можна препорака за квалитетот на нашите вина и е доказ дека „Тиквеш“ располага со знаење и технологија кои и овозможуваат да произведе вина со светски квалитет, вели генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

 

x

Check Also

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот „Битрикс Танцова Лига 5” започнува утре

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот, ова година по петти пат ...