Розовиот моден избор на кралицата Летиција, кој вторпат го носи

Шпанската кралица Летиција и нејзиниот сопруг Филипе Шести, во кралската палата ја пречекаа пливачката Она Карбонел.

Успешната шпанска пливачка неодамна се врати со две сребрени медали во синхронизирано пливање кои ги освои на Светското првенство кое се одржа во Јужна Кореја.

И Она, како и кралицата Летиција, за оваа средба избраа преубави модни комбинации. Она одбрала бел трендовски, но елегантен изглед од Викторија Бекам, додека Летиција ја повтори истата комбинација која минатата година ја носеше при службената посета на САД.

Розовиот изглед на кралицата се состои од фустан од Мајкл Корс и чевли со висока потпетица од шпанската марка Магрит.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...