Розово до крајот на зимата (и почетокот на пролетта) со MANGO

Вториот дел од зимата, карактеристичен по снеговите и ниските температури, може да го направиме радосен со модните парчиња од новата колекција на Манго. Секако, во розово ќе ја дочекаме пролетта и ќе зачекориме во неа, на пример, со розов костум или розова блузичка…

Новите модни парчиња од Манго, дизајнирани во различни стилови и со различни материјали, имаат една заедничка карактеристика – розовата боја. Присутни се сите нијанси на розово, од бледи до интензивни, а може да се носат и буквално од глава до петици.

Од ретро панталони со широки ногавици во стилот на 60-те и 70-те години, до топли розови џемперчиња и кардигани, па се до блузи и палта, погледнете ги најубавите розови модни парчиња од Манго за зима 2019.

x

Check Also

12 „кежуал“ модни парчиња од Springfield вредни за внимание

Се подготвуваме за зимската сезона со лежерни модни парчиња од омилените – Springfield. ...