Розовото палто на Џеки Кенеди

Ни 50 години по смртта на американскиот претседател Џон Кенеди приказните не престануваат. Сликата пак на неговата сопруга, облечена во розово палто, остана во сеќавање, а токму тоа палто стана и траен симбол на трагедијата.

Розовото палто на Џеки - познато  како најтажното палто во светот

Розовото палто на Џеки – познато како најтажното палто во светот

Стилот на Џеки Кенеди ретко кој може да го заборави или да не се обиде да го имитира. Префинет и женствен од неа направи вистинска икона на елеганцијата.

Ова розово палто Џеки го облече шест пати. Нејзиниот омилен креатор беше Американецот со француско потекло, Олег Касини, пријател на семејството, иако често се облекуваше и во креации на Живанши, Диор и Шанел. А токму Шанел беше нејзиниот моден избор на фаталниот ден кога беше убиен Џон Кенеди.

Во овој капут Џеки се возеше во лимузината, фотографирана како се обидува да излезе од неа откако сопругот беше погоден. Подоцна, во текот на денот, Џеки не сакаше да го соблече палтото намачкано со крв, зборувајќи „нека видат што направија!“.  Палтото не се переше ни во меѓувреме, а крвавите дамки јасно се гледаа на нејзиниот десен ракав.

Со текот на времето овој розов капут доби дузина приказни, за на крај да се прифати една – скроен е во Њујорк, а ткаенината е од модната куќа Шанел.

pal-2

Иако Џеки ја сакаше најмногу француската мода, како прва дама инсистираше да носи домашни креации, па оттука и овој модно-политички компромис.

Се претпоставува дека палтото чинело (тогашни) 1.000 долари. Денес се чува во Американската национална архива во Мериленд, каде го однела мајката на Џеки, половина година по атентатот. Според изјавата на Керолин Кенеди таму ќе остане до 2103 година, а потоа наследниците на семејството Кенеди ќе одлучат дали ќе се стави на аукција или не.

Шапката пак која тој ден ја носеше Џеки Кенеди мистериозно исчезна.

x

Check Also

Скопје Мериот хотел заедно со Црвен Крст ќе собираат донации за социјално загрозените семејства

По повод одбележувањето на Светскиот ден на гладот, Скопје Мериот хотел и ...