Русија го забрани настапот на косовската Мис Универзум: не сме го признале Косово!

Бидејќи Русија не го признала Косово, избраната Мис Универзум од Косово Мирјета Шала не може да учествува на овој избор.

mijeta 2

Изборот за Мис Универзум ќе се случува на 9 ноември во Русија, а косовската претставничка не може да учествува на него.

Во знак на солидарност кон својата колешка од соседството од изборот се откажа и албанската претставничка Фљорабла Диздари.

Имињата на двете мисици не можат да се најдат ни на официјалната страничка на изборот. Инаку, на форумите косовската претставничка беше една од фаворитките.

x

Check Also

Мисицата Елена Анѓеловска утре ќе се бори за круната на Мис Глоуб во Торонто

Утревечер во Торонто ќе се одржи финалето на Мис Глоуб. Македонска претставничка ...