Сѐ што треба да знаете за пренатални инфекции

Голем проблем во борбата за здраво потомство се инфекциите за време на бременоста, таканаречени пренатални инфекции. Инфекциите во бременоста може да остават понатамошно трајни последици на детето. Причинители за пренатални инфекции може да бидат разни инфективни агенси, како бактерии, вируси, паразити, габи.

Бактериските инфекции кај жената кои се пренесуваат и по сексуален пат, како што се Chlamydia trachomatis и Mycoplasma/Ureaplasma, ако се откријат во рана фаза ефективно се лекуваат, со антибиотици. Симптомите во подоцнежната фаза, пак, може да доведат до неплодност, прерано породување кај трудници и инфекции на новороденчето кои настануваат при породувањето, односно додека тоа минува низ родилниот канал. Поради сето ова, тестовите за нивно откривање се дел од пропишаната превентива кај бремените жени.

„ГБС скрининг” – група Б Streptococcus, претставува задолжително испитување кај трудниците и тоа помеѓу 35тата и 37мата недела од бременоста. При раѓањето, групата Б стрептококи може да се пренесат на новороденчето и да предизвикаат сепса со висока температура и воспаление на белите дробови.

TORCH е кратенка од почетните букви на најчестите инфективни причинители во бременоста кои, исто така може да предизвикаат оштетување на плодот. Со TORCH тестот може да се утврди дали трудницата има или имала инфекција со T –Toxoplasma, R – Rubela virus, C – CMV virus и H – Herpes simplex virus (HSV1 И HSV2). Со помош на TORCH тестот, односно преку антителата во крвта на жената, може да се утврди присуство на овие причинители. Во зависност од видот и количината на антителата, може да се утврди дали постои инфекција во моментот на тестирањето, како и дали жената прележала некое од овие заболувања со или без симптоми.

Други инфекции кои може да бидат опасни за бременоста се: Сифилис, ХИВ, Heptitis B, Heptitis C, Epstein-Barr вирус, Varicella-zoster вирус и Parvovirus B19.

Во бременоста  чести може да бидат и уринарните инфекции кои се јавуваат кај околу 1 од 10 трудници, а зголемениот ризик од уринарни инфекции е во периодот меѓу 6тата и 24тата недела од бременоста.

За да бидете сигурни дека е се во ред, лабораториските испитувања во тој период се многу  важни, како за мајката, така и за иднината на детето. Во дијагностичката лабораторија ПЗУ Синлаб може да се направаат релевантни испитувања врзани за пренаталните инфекции со што може да се избегнат компликации врзани за бременоста.

 

x

Check Also

Вакцина против корона: Кога ќе ја имаме?

Секој ден пристигнуваат нови податоци за научни лаборатории кои забрзано работат на ...