Саботно матине со Амок радио во МКЦ

Денес, со почеток од 12 часот ќе се одржи матине со Амок радио во живо од плато МКЦ.

Создадено во еден од најпредизвикувачките периоди за нашата сцена и израснатo во идејата за обезбедување и здружување на заедницата, Амок радио е некомерцијална музичка платформа со тенденција да промовира квалитетна музика и дискусии од целиот свет. На радиото Амок, локални и меѓународни уметници, музичари и диџеи, како и музички ентузијасти и претстојни таленти слободно се вклучуваат и се надополнуваат во безбедната зона.
Покрај радиото, во рамките на четирите sида на студиото функционира и Wax Revival Store – единствената продавница за плочи во Македонија која се фокусира на денс музика – со нивната прва физичка продавница. Радио „Амок“ работи од „Парк СФ“ во Скопје од јануари 2021 година и е резултат на соработка помеѓу два од најпознатите диџеј колективи во земјата, „Oubli“ и „Скопски грув“, како и „Wax Revival Store“ и „L’angolo Di Caffe“.

 Програма и саатница:
12:00 | „Analog Shuffle“ со Djagi
13:00 | „Any Sound Is Valid“ со AKA Thesaur
14:00 | Celebrate Life – Past, Present, Future со Индог
15:00 | Промоција на „Neboder“ – ново издание на Мирко Попов Quartet
16:00 | „Jealous Mars“ со Виктор Иванов
Влезот е слободен. Настанот ќе биде реализиран согласно протоколот за огранизирање настани на отворен простор.

x

Check Also

Градското кино Милениум почнува повторно со работа (ПРОГРАМА)

Oд 17 јуни (четврток) Градското кино Милениум ќе почне повторно со работа.  ...