Саем на венчаници: Еве ги водечките 5 трендови на венчаници за 2019

Најважниот саем посветен на невестинската мода, организиран од Саемот на Барселона, ќе се одржува од 23ти до 28ми април 2019 во Монтжуик, Шпанија. На саемот ќе се претстават 35 познати дизајнерски имиња и 400 модни марки од 34 земји.

Еве ги најважните трендови на невестински фустани за 2019.

Ретро стил

Ретро стилот е водечки тренд за 2019. Дизајнерите се враќаат на стилот на венчаниците од раните 90-ти години, но и на оние од 70-те години. Доминантни се бохо-креациите и цветовите. Но тука се и хипи изгледите и кога се венчаниците во прашања, но и кога станува збор за изгледот на косата.

Чипка

Тантелата се враќа на голема врата. Венчаниците се целите со чипка, романтични и со софистицирана текстура. Моделите можат да бидат со цветна чипка или едноставно со тил. Во секој случај, чипкастата венчаница е безвремена. Моделите се разликуваат од модели со долги ракави до модели со отврен грб (длабоко деколте на грбот). Ова е воедно и еден од најромантичните трендови.

Мазна текстура

За оние кои ја сакаат едноставноста, евергрин е секако, а моментно и голем тренд, мазната и едноставната венчаница. Предноста на изборот на модел со овие карактеристики е тоа што можете да играте со сè друго. На пример, одберете голем букет, асиметрични обетки или шарени чевли – најголем тренд во последниве сезони.

Комбинезон

Во 2019 година многу познати креаторски имиња го форсираат трендот на комбинезон наместо на фустан. Моделите се различни, но сите се многу фенси.

Мини

И оваа година се застапени мини-венчаниците. Тие не мора ни да се бели, туку во различни пастелни нијанси и дизајнирани од најразлични материјали. Може да бидат и инспирирани од 50-те години, но и модерни со асиметричен крој.

x

Check Also

Неделен хороскоп (16. до 22. септември): Топ знаци на неделата – Вага, Близнаци и Лав

Оваа седмица и планетата Венера и планетата Меркур ќе блескаат во знакот ...