Саграда Фамилија – тоа што не смеете да го пропуштите во Барселона

Секако една од најпознатите катедрали на светот е „Саграда Фамилија“ (во превод Свето семејство). Штом ја видите буди чувство на стравопочит. А има и зошто.

Изградбата на Саграда Фамилија почнала во 1882 година по барање на фондацијата Свети Јосиф, а проценето било дека ќе биде завршена за 20-тина години.

Антонио Гауди стана главен архитект на овој храм во 1883 година и на него работеше сè до својата ненадејна смрт во 1926, кога на улица го удри трамвај, наспорти Катедралата. Со благослов на папата, Гауди е погребен во криптата на Светото семејство, делото на кое опсесивно им посвети повеќе од 40 години од својот живот.

Незавршената катедрала веќе со децении е една од највпечатливите знаменитости на главниот град на Каталонија, Барселона,  и воедно една од најпознатите туристички атракции во цела Европа.

Иако поголемиот дел од скиците и плановите на Гауди биле уништени уште за време на Граѓанската војна во Шпанија, архитектот Џорди Фаули конечно ќе ја реализира замислата на Гауди, чиј единствен услов бил катедралата да се гради исклучливо со донации, што и денеска се почитува. „Мојот клиент е Господ, а нему не му се брза“, велеше Гауди.

Оние кои ја посетиле Барселона знаат дека базиликата уште сега изгледа спектакуларно, а кога ќе биде завршена ќе има сосема поинакви димензии и структура и уште пофасцинантен изглед.

За тоа најдобро сведочи ова видео кое ја покажува изградбата по фази и финалното обликување на Саграда фамилија, која со оваа динамика на работите би требало да биде завршена во 2026 година.

Инаку, УНЕСКО ја смести оваа катедрала во светското културно богатство.

x

Check Also

ГАЛИЧКА СВАДБА 2021: Автентичната традиција продолжува

По пауза од една година поради ковид-19 пандемијата, претстојниот викенд продолжува традицијата на ...