Сакате пари на заем? Заложете ја вашата брендирана чанта!

Скапите чанти кои добро се чуваат не губат многу од својата вредност дури и кога се во прашање – кредитите.

canta 3

Веќе во повеќе светски банки клиентите можат да ја заложат својата брендирана чанта како гаранција за позајмените пари кои се 80 отсто од вредноста на чантата, а за возврат од нив се очекува заемот да го исплатат во рок од четири месеци со четири отсто месечна камата.

Дури и Јес Лејдис Фајнанс енд ко., според известувањето на Вол Стрит Џурнал, ќе прима ваков вид на заложување, одобрувајќи заем во рок од само половина час за клиентот. Но, само доколку станува збор за чанта од марките Гучи, Шанел, Хермес и Луј Витон.

canta 1 Оние кои имаат ретки и уникатни примероци од овие чанти ќе добијат уште повеќе поволности.

Чантите пред да се заложат минуваат на ригорозен преглед кој го прават експерти за дизајнерски производи.

Една чанта Хермес Биркин, која чини и до 156 илјади долари (а ја носат жени од типот на Ким Кардашијан и Викторија Бекам) е веќе заложена за заем од нешто над 20.000 долари.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...