Сакоа од ZARA во стилот на Коко Шанел

Инспирирани од стилот на 60-те години, таканаречените boucle jacket се вратија на модната сцена за сезоната есен/зима 2018/19.

Овие сакоа се препознатливи за Шанел стилот, благодарение на Коко Шанел која прва ги дизајнираше. Потоа, Карл Лагерфелд ги реиновираше, а сега, Зара ги направи достапни за сите.

Моделите се изработени од твид, имаат интересни шари, но може да најдете и еднобојни, класични модели. Освен за нијансата имате избор и кога е во прашање должината, кратки и долги модели кои може да се носат и како палта.

Одлично се комбинираат за елегантен изглед, но ние ви предлагаме да пробате да ги носите и со тесни фармерки и добри потпетици.

Шопинг инспирацијата од актуеланата колекција на Зара, погледнете ја во фотогалеријата.

 

x

Check Also

Стопи се од попусти до -70% во Капитол мол

Нашето секојдневие е исполнето со обврски заради кои имаме помалку време за ...