Салата од лубеница и фета сирење

Лубеницата сте ја пробале во секакви комбинации, најчесто во овошна салата, можеби и како ладна супа или студен десерт, но знаете ли кој е нејзиниот совршен „љубовник“? Фета-сирењето.

sala 3

За да ја подготвите салатата од лубеница и фета-сирење потребно ви е: половина лубеница, 150 грама фета-сирење, 30 грама црни маслинки, 1 рока (рокула), неколу свежи листови нане, 1 помал кромид, 2 лажици маслиново масло, сок од 1 лимон, малку морска сол и црн пипер.

Оставете ја лубеницата добро да се разлади, отстранете и ја кората и семките, па потоа исечете ја на мали коцки (наместо коцки, можете да обликувате и топки со помош на лажицата за сладолед). Фета-сирењето исечете го на коцки или пак само наросете го врз исечената лубеница. Додадете ги маслинките, исечканиот кромид на кругови, роката, потоа додадете го во салатата сокот од лимон и маслиновото масло. Посолете со морска сол и црн пипер.

Декорирајте со листови свежо нане. По желба во салатата може да додадете и половина исечкана на кругови (или коцки) краставица.

x

Check Also

Четири здрави рецепти од коприва кои мора да ги пробате

Листовите коприва се најдобри состојки за детоксикација, ја прочистуваат крвта, ја подобруваат ...