Салата од тиквички, превкусна е и нискокалорична!

Нискокалоричен рецепт кој е добредојден на секоја пролетна трпеза.

Потребни намирници – 2 тиквички (средна големина), 1 краставица, сок од 1 лимон, 100 грама сирење, 3 лажици маслиново масло, малку лук, неколку листови босилек, сол и црн пипер.

Подготовка

Тиквичките измијте ги, исечите ги на тенки листови со дебелина од половина сантиметар и испечете ги на малку маслиново масло од двете страни по 5 минути.

Направете го преливот од лимоновиот сок и маслиновото масло и во него додадете го ситно исечканиот лук.

Излупете ја краставицата и исечете ја и неа на тенки листови, или по желба на коцки.

Сервирајте ги тиквичките заедно со краставицата во чинија, врз нив додадете го ситно исечканото (или издробено) сирење, прелијте со преливот, наросете сол и црн пипер и додадете ги листовите босилек. По желба може да додадете и малку исечкани бадемчиња.

x

Check Also

Јагнешки бут со прелив од црвено вино

Направете од божиќната трпеза вистинска поезија со одлично подготвен јагнешки бут. Со ...