Салеп – превкусна напивка против кашлица

Добро е да имаме салеп во сезоната на настинките. Салепот е билка од семејството орхидеи, а со сушење и мелење на нејзиниот корен се добива прав од кој се прави вкусна напивка. Правот од салеп е денес достапен во продажба во сите поголеми продавници. Се употребува како природна напивка – средство кое ја ублажува кашлицата и го олеснува дишењето. Може да се конзумира секојдневно во неограничени количини. Ги прочистува дишните патишта, ја смирува болката во грлото, го намалува воспалувањето, ја смирува кашлицата и го олеснува искашлувањето.

sa1

Како совршено да го подготвите?

Потребно е – 1000 мл вода, 150 грама шеќер, пет лажици салеп во прав, малку цимет.

Кога водата ќе зоврие, додадете го шеќерот и оставете да се вари уште малку, па потоа додадете го салепот. Варете на умерена температура додека да добиете густа течност. На готовата напивка додадете на крајот цимет.

x

Check Also

Како да ги отстраните дамките од акни на вашето лице?  

Акните се скоро неизбежен дел од животот и можат да се појават ...