Салма Хаек – раскошна убавица во бело на сплитската Рива

Во Сплит, Хрватска, продолжува снимањето на филмот „Bliss“ во кој главните улоги ги имаат Салма Хаек и Овен Вилсон.

Славната 52-годишна мексиканска глумица и 50-годишниот американски глумец привлекле внимание на сплитската Рива. На дел од снимањето, Салма била облечена во црн фустан, но потоа на Рива блеснала во бел макси фустан со прерамки.

Инаку, ова е втор пат во годинава Салма Хаек да снима во Хрватска. Неодамна таа престојувала во Хрватска поради снимањето на филмот „The Hitman’s Wife’s Bodyguard“ заедно со колегите Самуел Л. Џексон и Рајан Рајнолдс.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...