Таа е воин без да ја загуби женственоста

Саманта Кол од секогаш имала страст и талент кон креирањето на нови изгледи кои ќе го напуштат основното правило дека облеката е само колку да ја покриеме голотијата . 

samanta 8Нејзината највпечатлива колекција “Воин” е инспирирана од тековната социјална и економска клима со која се соочуваме. Силно чувство на борба и незадоволство се чувствува преку вибрациите на оваа колекција, а на сета таа темнина сите ќе се запрашаат кој е воинот ? Кој се бори со тоа незадоволство кое е прикажано во секој детал при кроењето на овие парчиња ? Воинот е таа самата, нејзината мајка, баба , тетка или поедноставно секоја жена за неа е инспирација, персонификација на моќ, почит и достоинство. Жената може да покаже сила, доминација па дури и агресивност без да ја изгуби женственоста.

samanta 11Воинтвеност и моќ изразена во силните рабови кои ги зголемуваат колковите на најпривлечната силуета на светот . Саманта Кол од секогаш имала страст и талент кон креирањето на нови изгледи кои ќе го напуштат основното правило дека облеката е само колку да ја покриеме голотијата . Обожава да ги реконструира силуетите од минатото да ги обвие во црна боја и да им ги покрие лицата со метални мрежи. Инспирирана од структурата, формите, андрогени, симетрични и асиметрични дизајни на силуетата.

Опседната е со црната боја и секогаш преку неа го изразува нејзиното незадоволство.

samanta 9Цврстината на материјалите кои ги користи ја дополнуваа силната страна на воинот на Кол која не ја губи својата женствена страна бидејќи не може, а да не додаде свилени парчиња на тие неподносливи волумени.

Нагласена слоевитост која ја изведува преку крупни преплетувања и случајна треперлива металик – сребрена нијанса која го разнишува црнилото кое владее низ целата колекција.

samanta 7Вистински жени – воини кои ја инспирираа Кол за оваа колекција се Кејт Бекинсејл во „Андерворлд“ или Тина Тарнер во „Лудиот Макс“ дополнети со Џејн Фонда во „Барбарела“  без да го загубат чувството на женственост.
Сакаше овојпат да го напушти правилото „дамите имаат предност“, претставувајќи ја женската силуета како една неуништлива конструкција, а не суштество кое е создадено само за милување.

samanta 5Го покри грлото со ткаенина за да не може напаѓачот да забележи кога таа – воинот ќе подголтнува од страв. На рамената им даде волумен кој треба да застрашува, а половината ја стегна толку силно што го одзема здидот на тоа кревко тело.

samanta 2Никогаш не се откажа од широките бедра или поточно од надуеноста на здолништето кoe наликува на фустанот на Мери Попинс  додека таа волшебна дадилка полека се спушта на земјата со својот чадор, само што овојпат тоа здолниште има готик влијанија.

samanta 4Рабовите на здолништата се толку заострени што можеме да се „повредиме“.  А тука се и високите кожени ракавици кои ги покриваат лактовите и ги штитат нежните раце на воинот.

samanta 6Воинот е на Саманта Кол е можеби само шаховска фигура во играта наречена живот во која потезите ги влечат другите луѓе или повисоки сили, а таа постојано се обидува да се задскрие позади тие гломазни ткаенини и да ги застраши со тие неприродно големите колкови. И на крај сепак безуспешно, таа сепак е дама.

samanta 1

Дизајнер: Саманта Кол
Фотографија: Ребека Личфилд
Стилисти : Ким Рој Сандра Бирмингем
Модел: Кејт Вебстер Браун

М.Р.

 

 

 

 

x

Check Also

Ова се новите летни „кежуал“ изгледи од Zara

Лулу Тенеј позира во новиот едиторијал на Zara за лето 2020.Шпанската модна ...