Само Ријана може да носи ваква комбинација и супер да и „стои“

По посетата на Париската модна недела каде ги собра сите погледи, поп дивата Ријана се врати на своите работни обврски во Њујорк. Фотографирана е на аеродромот JFK  во необична модна комбинација, која (само) таа знае вака добро да ја носи.

Станува збор за костум со дискретни риги, со машки крој, и предимензиониран – изгледа како да е позејмен од нејизното момче. Костумот е од марката „Фенти“.

„Фрлете“ поглед на работ на ногавиците во силна портокалова нијанса.

Изгледот е заокружен со предимензионирани црни очила за сонце, салонки со високи потпетици, и во нејзин стил – многу накит.

x

Check Also

Изглед на денот: Селена Гомез во фустан од новата колекција на Версаче

На доделувањето на Американските музички награди, вниманието го украде пејачката Селена Гомез, ...