Самопотемнување без флеки на телото, во неколку чекори

Стилистката Џеклин Хил која е една од најуспешните советници за убавина на Јутјуб каналот, советува како правилно се нанесува крема за самопотемнување за да добиете убав бронзен тен без дамки на телото и лицето.

Пред да ја нанесете кремата истуширајте се и направете благ пилинг на телото со шеќер или морска сол, избричете ги нозете, и потоа почнете со нанесување на кремата. Кремата за самопотемнување се нанесува со помош на четкичка за руменило, а се почнува од лицето.

Потоа, се продолжува со нанесување на кремата на рацете, овојпат со помош на ракавица за туширање. Следуваат вратот и деколтето и на крајот нозете.

Видеото ве води чекор по чекор низ целиот процес.

x

Check Also

Мултиколор е новиот тренд на нокти, Рита Ора и Кристин Стјуарт веќе го носат

Глумицата Кристин Стјуарт на настанот Metiers d’Art на Chanel, се појави со ...