Самостојна изложба на Тамара Забазноска

Поттикната од тајните што ги содржи природата во корелација со новите научни истражувања, опусот кој би го претставила е базиран врз науката и знаењата, насловен „Натура“ – љубовта кон природата во сите нејзини манифестации, од најмалиот организам до црвениот гигант кој лебди во универзумот и хистологијата на човекот.  Со „Натура“ доаѓа љубопитноста, поривот да се истражат и откријат местата каде што човекот се среќава преку природата со себе. И додека ги користиме сетилата за да изразиме делови од нас што се скриени, така може да користиме и различни елементи за да го направиме видлив оној дел од природниот невидлив свет.

„Натура“ е синтеза помеѓу универзалното и микроскопското, силите што ги брануваат длабочините на човечкото битие и природата, која крие тајни и нуди одговори. Можеме да ги примениме нејзините тајни и да ги прочитаме одговорите преку нови откритија како основа за нашата иднина.

Тамара Забазноска е интердисциплинарен уметник и архитект. Родена во Скопје, 1987 година, ги стекнува првите знаења преку енциклопедиите и бајките, за понатаму да го насочи својот интерес кон математиката, геометријата и релациите во просторот, преку Архитектонскиот Факултет, кој го завршува 2011 година. Потребата за истражување, желбата за изразување на природните сили, новите научни знањеа и учења се постојан поттик за репрезентација на шемите во микро и макро светот на природата и човекот, кои ги опфаќа преку втор магистерски труд на тема Архитектурата во природата и Природата во архитектурата во 2018 година, како и низ делата на композитно дрво создадени од клинци, конец и стакла.

Уметничниот израз е прецизен и геометриски, претставен преку заедништво на елементите што сугерираат дека секоја идна точка/акција е резултат на сите претходни точки и акции. Делата во себе носат ритуал на дејствување – оската на симетрија како имагинарна линија околу која формите ротираат, свесни за дуалитетот и екстремите.

ИЗЛОЖБИ:

Ноември 2019, МАРХ, 5 год. од основање на здружение Македонска архитектура, МКЦ, Скопје

Април 2017, Тајане, самостојна изложба, Flux галерија, Скопје

Април 2016, Просторна синтакса, самостојна изложба, Кула, Скопје

Јуни 2016, Paratissima Скопје, Интернационален саем за современа уметност, МКЦ, Скопје

Октомври 2016, ФСУ (фестивал за современи уметности), самостојна изложба, Отворено графичко студио, Музеј на Град Скопје

НАГРАДИ:

Октомври 2016, специјална награда при Фестивал за современи уметности, , Отворено графичко студио, Музеј на Град Скопје

Јуни 2016, специјална награда на Европско ниво при Paratissima Скопје, Интернационален саем за современа уметност, МКЦ, Скопје

Ноември 1990, 13-ноемвриска награда, Друштво на ликовни уметници, Скопје

x

Check Also

Трикчиња кои секогаш успеваат: Како да ги растегнете тесните чевли

Сигурно ви се случило, сте купиле чевли и потоа заклучувате дека всушност ...