Samsung ги најави новите модели на телефони: Galaxy A71 и Galaxy А51

Четири камери, Infinity-O дисплеј и долготрајнa батерија за незаборавно корисничко искуство.

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. ги претстави двата најнови членови на Galaxy A серијата A71 и A51. Креирани да донесат неверојатно корисничко искуство, овие иновативни уреди се опремени со напредни функции и карактеристики: подолготрајна батерија, идеална за корисниците со урбан стил на живот; попаметна камера која овозможува да го фотографирате светот онаков каков што го гледате и InfinityO дисплеј што овозможува непрекинато визуелно искуство.

Навистина сме возбудени што успешното портфолио на серијата А е збогатено со нови модели. Од лансирањето минатата година, оваа серија важи за една од најпосакуваните, а новите модели ќе продолжат да ги нудат иновациите кои корисниците ги бараат и сакаат“, изјави DJ Koh, претседател и извршен директор на IT и мобилната комуникација во компанијата Samsung Electronics. „Свесни сме за барањето на нашите корисници за уреди кои изгледаат добро, траат подолго и до најситниот детаљ го бележат секое нивно искуство, а токму такви се новите членови на семејството Galaxy A.

Подобра камера за подобро искуство

Со помош на четири врвни камери – Главна, Ултра-широка, Macro и Depth, Galaxy A71 и Galaxy A51 се креирани за да ги бележат најзначајните моменти до најситните детали и со неверојатно живописни бои.

Главната камера од дури 64 мегапиксели на Galaxy A71, односно 48 мегапиксели на моделот Galaxy A51, ќе направи зачудувачки остри и живописни фотографии, без обзир дали надвор е ден или ноќ. Покрај тоа, леќата на ултра-широката камера има агол од 123° степени, давајќи периферен видик идентичен на човечкото око. Доколку ситуацијата истото го бара, паметната switch функција на камерата автоматски ќе се префрли на Wide Shot режим. Macro камерата го фокусира секој објект кристално јасно, а сите детали доаѓаат посебно во израз, со користење на Live Focus ефектите на Depth камерата.

Видео содржини со висок квалитет

Благодарение на опцијата за супер-стабилност (Super Steady) снимањето на динамични видео записи сега е и повеќе од можно. Оваа функција успешно го отстранува тресењето на камерата, без разлика дали е подвижен објектот кој се снима или личноста која го држи телефонот. Камерата ќе остане мирна дури и кога се во прашање активности со поголем предизвик како трчање, планинарење или бркање на милениците низ дворот.

Непрекинат визуелен приказ

И Galaxy A71 и Galaxy A51 нудат супер AMOLED edge-to-edge Infinity-O дисплеи, со димензии на екранот од 6.7 инчи или 6.5 инчи, кои се простираат од едниот до другиот раб на телефонот. Динамичното искуство сега е загарантирано – корисниците можат да заборават на светот околу себе и да ја гледаат својата омилена емисија или спортски натпревар на еден од најголемите мобилни екрани на Samsung досега.

Подолга поврзаност без грижи

Galaxy A71 и Galaxy A51 доѓаат со подобрена батерија со капацитет од 4.500 mAh, односно 4.000 mAh, како и со опција на брзо полнење од 25W и 15W, овозможувајќи долго и безгрижно користење на телефонот во текот на целиот ден.

Овие модели нудат и пристап до екосистемот на Samsung на паметни апликации и услуги, вклучувајќи ги Bixby (Vision, Lens Mode, Routines), Samsung Pay и Samsung Health. Освен тоа, уредите се исто така заштитени со безбедносниот систем, Samsung Knox.

За повеќе информации за Galaxy A71 и Galaxy A51, посетете ја http://www.samsungmobilepress.com и на www.samsung.com.

Galaxy A71 и Galaxy A51 Спецификации 1

Galaxy A71

Galaxy A51

Дисплеј 2

6.7-инчи, Full HD+ (1080×2400) 6.5-инчи, Full HD+ (1080×2400)
Super AMOLED Super AMOLED
Infinity-O Дисплеј Infinity-O Дисплеј

Камера

Задна

Главна : 64MP, F1.8

Depth : 5MP, F2.2

Macro : 5MP, F2.4

Ултраширока : 12MP, F2.2

Главна : 48MP, F2.0

Depth : 5MP, F2.2

Macro : 5MP, F2.4

Ултраширока : 12MP, F2.2

Предна Selfie: 32MP, F2.2 Selfie: 32MP, F2.2

Тело

163.6 x 76.0 x 7.7mm/ 179g 158.5 x 73.6 x 7.9mm / 172g

АП

Octa Core (Dual 2.2GHz + Hexa 1.8GHz) Octa Core (Quad 2.3GHz + Quad 1.7GHz)

Меморија 3

6 GB RAM 4GB RAM
128GB внатрешна меморија 128GB внатрешна меморија
Micro SD slot (до 512 GB) Micro SD slot (до 512 GB)

СИМ Картичка

Dual SIM (3 slot) Dual SIM (3 slot)

Батерија 4

4,500 mAh (типична), 25W Super-Брзо полнење 4,000 mAh (типична), 15W Брзо Полнење

Биометриски Автентичности

On-Screen Fingerprint (отисок на прст), Face Recognition (препознавање на лице) On-Screen Fingerprint (отисок на прст), Face Recognition (препознавање на лице)

Боја 5

Дијамант Црна / Дијамант Сребрена / Дијамант Сина Дијамант Црна / Дијамант Сребрена / Дијамант Сина

1Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за производи, дадени во овој документ, вклучително, но не ограничувајќи се на, придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот подлежат на промена без најава.

2Екранот е мерен дијагонално како целосен правоаголник без да се земат во предвид заоблените агли.

3Достапноста може да варира според локацијата и пазарот.

4Типичната вредност е тестирана под лабораториски околности од трети лица. Оценетиот (минимум) капацитет е помал.

5Достапноста може да варира според локацијата и пазарот.

x

Check Also

Чиста рерна е тајната на вкусните и квалитетни оброци, а рерната која се чисти сама е сон на секој готвач

 Најновата Samsung NV7000N двојна рерна е кујнски моден додаток кој секој би посакал ...