Samsung ги прошири можностите на апликацијата SmartThings Find со Galaxy SmartTag опцијата

Прикачете го Galaxy Smart Tag локаторот на клучевите, паричникот или други важни предмети за да ги поврзете со вашиот Galaxy паметен телефон и полесно да го пронајдете.

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd неодамна ја претстави новата опција на апликацијата SmartThings Find, наречена Galaxy SmartTag. Новата опција им помага на корисниците побрзо и полесно да ги лоцираат компатибилните Galaxy уреди, дури и кога се офлајн, како и при потрагата на личните предмети. На личните предмети можно е да го прикачите Galaxy SmartTag премиум уред, кој на Galaxy паметните телефони испраќа Bluetooth сигнал за локацијата на предметите. Galaxy SmartTag е достапен во Макеоднија од 8 февруари 2021 година.

Galaxy SmartTag може едноставно да се активира преку SmartThings Find апликацијата на паметениот телефон со само неколку кликови. Откако ќе се вклучи Galaxy SmartTag опцијата, апликацијата ќе побара во листата за следење да го додадете новиот уред или предмет по ваш избор. За да се пронајде предметот или пеметниот телефон со Galaxy SmartTag премиум уредот, едноставно изберете ја опцијата „Известете ме кога ќе се пронајде“ на корисничкиот интерфејс на SmartThings Find апликацијата. Кога уредот е лоциран, SmartThings Find до корисникот ќе испрати известување.

На пример, во случај да ги изгубите клучевите од автомобилот, со помош на апликацијата SmartThings Find на паметниот телефон можете за да пуштите звук на Galaxy SmartTag премиум уредот, за да дознаете каде се наоѓа. Изгубениот паметен телефон лесно ќе се најде со можноста за емитување на звук, а Galaxy SmartTag може да се стави дури и како ѓердан за миленичиња.

Ако Galaxy SmartTag премиум уредот се оддели од паметниот телефон или предмет, апликацијата автоматски ќе испрати Bluetooth Low Energy (BLE) сигнал со кој може Galaxy уредите во близина да се детектираат. Откако ќе се пронајде, уредот ќе испрати информации за локацијата до SmartThings Find, каде што сите податоци се шифрирани и имаат највисоко ниво на заштита. Исто така, сите лични податоци се заштитени на изгубениот уред или уредот што се користи за пребарување од пристап без дозвола, а со тоа целосно е заштитена и приватноста на корисникот.

Дополнителни опции на SmartThings Find апликација може да се прилагодат на интерфејсот, на пр. можно е да ги конфигурирате домашното осветлување и паметниот телевизор автоматски да се вклучуваат кога ќе се вратите дома. Покрај тоа, корисниците не треба да се грижат за полнење на Galaxy SmartTag премиум уредот, бидејќи батеријата трае 300 дена, а дополнителните уреди доаѓаат и со заменлива батерија.

Galaxy SmartTag е достапен во Македонија од 8 февруари 2021 година, со можност за купување пакет од еден или два премиум уреди. Galaxy SmartTag е достапен по цена од 2.159 денари. За повеќе информации во врска со Samsung Galaxy SmartTag уредот, посетете ја страницата: https://www.samsung.com/mk/mobile-accessories/galaxy-smarttag-black-ei-t5300bbegeu/.

x

Check Also

УЛОВЕН МИЛИОНОТ ОД ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЗЛАТНА РИПКА ВО ПРИЛЕП

Инстант лозот Златна Рипка и во својата 6та серија продолжува да радува ...