Сандра Лазеска: Во Македонија манекенството е само хоби за многу девојки

„Сеуште сме многу далеку од светската модна сцена,но мислам дека со добро организирање на повеќе модни случувања кај наси со девојки кои навистина ги задоволуваат критерумите да се наречат манекенкиможе да одиме напред“, вели манекенката Сандра Лазеска која деновиве ќе отпатува на изборот за убавина Мис Либерти Интернешенал во Анталија.

sandra 123

Слушнавме се подготвуваш за учество на интернационален избор за убавина. За каков избор станува збор?

Во текот на оваа недела заминувам на изборот Мис Либерти Интернешенал кој ќе се одржи во Анталија,а финалето е предвидено за 4-ти мај.Ќе носам креации од модниот салон Ел-Дизајн (L-Design) на Христина Лозановскаи бутикот Едвард (Edward) од Битола.

Како изгледаат твоите подготовки?

За изгледот се грижам постојано и секојдневно, но задолжително пред изборот посетувам козметички салони за третмани на лице и тело. Моментно ја подготвувам и облеката, национален и елегантен фустан за финалето.

Посебен режим на исхрана, тренинзи?

Немам некој посебен режим, се придржувам кон здравата исхрана, овошје, зеленчук, многу вода. Благодарение на мојот метаболизам, но и градба, никогаш сум немала проблеми со килограмите. Многу често вежбам пилатес и повремено одам во теретана

Ја гледаш ли својата кариера на модел надвор од Македонија?

Веќе сум била ангажирана во повеќе модни агенции надвор од Македонија. Предизвик ми е Лондон, не би одбила доколку добијам понуда за таму, но сепак, во прв план ми се обврските со студирањето.

sandra 890

 

Кога е во прашање негата, на што најмногу обрнуваш внимание?

Посветувам внимание на се, на целиот изглед. Сметам дека најважна е негата, па често посетувам козметички салони и се трудам самата да се доведам до добра форма.

Колку кај нас е исплатлива професијата модел?

Да се заработува и живее од оваа професија кај нас тоа не е можно, бидејќи сеуште немаме доволно развиен моден свет. Во Македонија манекенството е само хоби за многу девојки.

Без кое парче облека не заминуваш на патување?

Настојувам пред да се пакувам да размислам што ќе облечам на патувањето, го пакувам само тоа што ќе ми биде потребно, зависно од пригодата и сезоната.

sandra 234

Што прво забележуваш кај мажите?

Дефинитивно висината. Потоа изгледот, насмевката, облеката..Сакам добро градено тело, но сепак најголемо влијание имаат взаемните чувства и енергијата.

А што тие, сметаш, најпрво забележуваат кај тебе?

А што тие најпрво забележуваат кај мене е индивидуално, но сметам дека најмногу привлекувам со насмевката.

 

x

Check Also

BOSS со прекрасна уметничка кампања за колекцијата есен/зима 2019

BOSS ја претстави рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2019, снимена во њујоршката ...