Сања Арсова: Луѓето ќе ве загледуваат без потреба , носејќи го нашиот накит- дајте им причина за тоа!

„Со оглед на тоа дека живееме во време во кое секогаш не интересира повеќе туѓото од нашето, нашето мото е -Луѓето ќе ве загледуваат без потреба , носејќи го нашиот накит- дајте им причина за тоа! , објаснува

10805255_10203188149690843_155577675_n

Сања Арсова, креаторка на модниот профил Fashion Accessories MK и стравствен колекционер на накит и модни додатоци.

10421221_677250129055213_4302370861651215302_n

Овој месец прославувате две години „дружба“ со вашите Фејсбук пријатели. Кога и како всушност започна приказната на Fashion Accessories MK ?


Приказната започна сосема случајно во раните утрински часови, додека проучував нешто за Интернет- продажбата и маркетингот, заедно со мојата сестра. Мислејќи како можам јас да го работам истото и со што би можела да работам, а да биде сепак нешто што го сакам, наидов на компании што нудат продажба на накит. Контактот со луѓето само ми го прошири кругот на нови производи и нови компании, за денес веќе по две изминати години со макотрпна работа да имам една успешна страна, многу нови познанства и секако голема количина накит.

1454623_677151015731791_8957497081000698767_n


Кој е главниот „селектор“
на модните додатоци на Fashion Accessories MK ?

Главниот селектор сум јас самата. Инспирацијата ја наоѓам во актуелните модни ревии во светот, модните блогови како и во боите од природатa и годишните времиња. Секое годишно време носи свое шаренило.

1653706_677151012398458_7266644575999480315_n

Големи или мини чанти ? Што ни носи оваа есенска модна прогноза?

За разлика од ланската мода во која преовладуваа големите чанти со разни нитни и дезени, оваа есен се повеќе преовладуваат таканаречените  „поштарски чанти за дневни излагања, додека за ноќните неизбежни се малите плик- чанти.

10252101_677610719019154_8463989497284309436_n

Настрана од трендовите, во каква боја вашите клиенти најчесто го препознаваат нивниот посакуван моден додаток?

Оваа есен повторно со себе ги донесе боите на златото, темно -црвената како и кралската зелена боја. Секако тука е и кристално -белата боја која најчесто можеме да ја најдеме во обетките, всушност таа преовладува преку целата година искомбинирана со златната и сребрената боја.

1150135_677605835686309_192123649046502370_n

Впечатливите ѓердани се
во тренд или нешто што никогаш не излегува од мода?

Ѓерданите, според мене, се моментален тренд. Ќе се навратам на почетоците на нашата страница, кога пред две години презентиравме ѓердани и понежен накит. Продажбата на посребрениот накит и накитот изработен со „сваровски“ елементи ги остави далеку зад себе ѓерданите. Сепак, несомнено е дека ѓерданите се најдобриот моден додаток до сега.

 

10509734_677248755722017_4431174115573772358_n

Освен ѓераните кои се тренди моден додаток, што најмногу бараат вашите клиенти?

Покрај ѓерданите, најбарани во периодов се и марамите, часовниците и модните додатоци за мобилните телефони. Дефинитивно тие се во тренд кај младите. Во барем досега порачаниот накит преовладуваат пастелните бои како и црната боја помешана со златна комбинација.

1235991_677151005731792_2844073815171818538_n

Ваш предлог за есенската сезона.

Предлагам да се носи она што ве прави среќни и исполнети без разлика на она што го форсира модниот тренд. Оставете парчето накит што го носите да зборува за вас и експериментирајте со боите, а бидејќи есента е време кога претежно се носи златната боја, ве уверувам дека таа боја е доволно силна за до себе да ги издржи и сите други бои кои ги комбинирате.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...