Годинава за фестивалот важат посебни правила на облекување. Имено, нема да се толерира длабок израз на грбот, а интерпретаторот може да биде дисквалификуван и доколку должината на здолништето е покусо од над колената.
Соработката на модното ателје Билиа со пејачката Сања Лефкова се случи спонтано, на основа на претходната пријателска врска. Подеднакво спонтано во таа соработка се вклучи и Анита Русевска која се занимава со рачна изработка на накит. Со накитот Русевска даде свој придонес за заокружување на изгледот на Лефкова.
Сања Лефкова ќе настапи на фестивалот Турковизија кој ќе се одржи од 11 до 15 септември во Денизли, Турција. На фестивалот нема да има гласање, а организаторот настојува настанот да наликува на Евровизија.
Сања ќе настапи на две вечери со нејзините веќе познати нумери Лијат години и Стисни пауза па плеј, како и со песна на турски јазик.
Стајлингот на Сања е осмислен според жанрот на песните, надополнет со соодветен накит, шминка и фризура. За интерпретацијата на турската нумера пак таа ќе носи долг тесен фустан во црвена боја.
На фестивалот Турковизија Сања Лефкова ќе ја претставува Македонија.