Сања Велковска: Модата е уметност, а не натпревар!

Пишувањето на блог го започнала сосема случајно, инспирирана од странските блогерки.

sanja 7

„Почнав со блог инспирирана од странските блогерки од кои  научив многу  за стиловите и модниот свет, но и охрабрена од малкуте девојки во нашите блогерски простори“, вели Сања.

sanja 6

Пишува во слободно време, а на нејзиниот блог има избрана, квалитетна содржина, одлични фотографии од многу патувања, настани и секојдневни инспирации.

sanja 4 Оваа модерна блогерка го сака лежерниот стил со доза на елеганција, односно комбинација од спортски и класичен стил.

sanja 3 „Не сакам да експериментирам со силни бои, се држам повеќе до она за кое знам дека убаво ми прилега“, вели таа.

Го сака и накитот – прстени, обетки, ѓердани кои ги има во огромен број и најчесто и’ е потребно долго време да одлучи што да одбере за да ја украси целата модна комбинација.

Sanja 2 Девизата на Сања е дека модата е уметност, а не натпревар, па смета дека токму поради тоа треба сами да си го градиме стилот и да се облекуваме паради себе, а не за да ги импресионираме другите.

sanja 1

„И јас сум дел од страницата Маcedonian Stylebook каде може да се најдат одлични блогери, огромни љубители на модата, девојки кои ми станаа прекрасни пријателки“, вели современата блогерка.

М.М

Еден коментар

  1. prekrasna,znae sto saka…

x

Check Also

Збогум Питер Линдберг, великан на модната фотографија

На 74-годишна возраст почина великанот на модната фотографија – Питер Линдберг. Линдберг ...