Љубов на прв поглед, sara.daily.illustrations

Кога ќе се вљубите во уметноста таа љубов трае вечно. Таа љубов е искрена и полна убавини кои ни го прават животот поубав.


Ние се вљубивме во илустрациите на Сара Саралиева „од прва“, а секоја нејзина илустрации не остава без здив. Сара создава уметност која се провлекува низ нашето секојдневие, нашите навики и потреби.


Нејзината префинетост и женственост ја предава комплетно и на најзините дела. Препознатлива, своја и поинаква е секоја илустрација создадена од Сара и нејзината приказна “sara.daily.illustrations”.


– Пред неколку месеци почнав да работам на една програма која ја користев за цртање и креирање за потребите на академијата каде што моментално учам. Клише е да се каже дека беше љубов на прв поглед, но верувајте ми навистина беше така!

– Почнав се почесто да ја користам програмата за да цртам и во слободно време и брзо сфатив дека максимално уживам во тоа што го правам.

– Како што може да се види и на мојата Инстаграм страна sara.daily.illustrations започнав со цртање на поедноставни работи, разни предмети од секојдневието, исписи, знаци и по некој личен портрет.


– Веќе со подоцнежните објави се гледа напредокот и дека илустрациите стануваат по комплексни, но стилот остана ист – минималистички, едноставен, лесен, чист!


– Времето во “карантин” го искористив буквално цртајќи со часови, и како што повеќе се усовршував, се повеќе луѓето почнуваа да приметуваат и да им се допаѓаат моите дела.


– Самото тоа ме мотивираше и ме инспирираше да почнам на некој начин да го споделувам тоа со секој кој ја сака уметноста, со секој што се препознава во моите илустрации и во тој стил!


– Инспирацијата за тоа што да нацртам ја наоѓам во секојдневието, разгледувајќи слики, фотографии, преку разговори, а често пати не мора ни да ја барам, таа сама ми доаѓа на ум.


– Додека цртам една илустрација веќе на ум ми се појавила друга идеја, и од една сесија цртање може да произлезат повеќе илустрации.


– Едноставно сакам што повеќе да створам од светот што ЈАС го гледам. Така почна Инстаграм профилот да се пополнува и почнаа да ми стигаат нарачки од моите блиски и од пријателите.

– Ми нарачуваа разни илустрации од кои повеќето беа портрети, сакајќи да ја споделат мојата уметност по социјалните мрежи и со поголема публика. Но почнаа и да ми стигаат нарачки со желба да бидат испечатени.

– До тој момент не ја разгледував таа опција, но како што повеќе почнав да размислувам решив да ги оживеам моите илустрации на маици, шољи, привезоци, па и сложувалки. Работи и предмети што луѓето со уживање би ги гледале и би ги користеле “daily”!


– Сега било кој има можност да ми се обрати и да нарача илустрација по желба за себе или за своите најблиски, за било каква пригода. Заедно ја креираме уметноста и заедно чекориме низ тој процес, затоа што искрено сакам крајниот резултат да биде најдобар што може, предизвикувајќи задоволство кај клиентот.


Уживајте во sara.daily.illustrations на Фејсбук и Инстаграм.

x

Check Also

 & Other Stories им даде предност на пастелните нијанси

Без разлика на сезоната, пастелните нијанси се секогаш во тренд. Модната марка  & ...