Сара Џесика Паркер: Благодарение на Фенди „Сексот и градот“ доби голем моден кредибилитет

Кери, Шарлот, Саманта и Миранда сите имаа „љубовна афера“со Фенди. Чанти, чевли, додатоци, и се што уште ви паѓа на ум од Фенди. Девојките беа исфрлени од куќата на Хју Хефнер кога Саманта влезе во жестока дискусија со него околу една шверцувана Фенди чанта. Шарлот пак, кога минуваше низ брачни проблеми со Треј, го нарекува својот брак лажна Фенди чанта. А сега, Сара Џесика Паркер доби можност да и возврати на саканата серија со дизајнирање на Фенди чанти.

s1

Чантите дизајнирани од Паркер за Фенди се дел од колекцијата 3Baguette и проектот „3 Baguette Project“ во кој се вклучени и Ријана, Рејчел Фајнстајн, Џордан Дан, Мен Репелер и Леандра Медин. Колекцијата чанти е смислена за да ја прослави новата продавница на Фенди во Њујорк на 598 Медисон Авенија. Сите приходи од продажбата ќе одат за добротворни цели по избор на креаторките.

Приходите од продажба на Фенди чанти дизајнирани од Паркер ќе бидат наменети за Фондацијата за трауматологија.

„3Baguette SJP“ се достапни во златна и виолетова боја, бела, морнарско сина, црна, и со кафеави ленти. Се разбира, класичната препознатлива Фенди тока е пристна на секој модел.

За Паркер овој проект беше многу драг и близок на нејзиниот сензибилитет.

„Фенди беше составен дел од сценариото на Сексот и градот, и беше првата голема модна куќа која работеше со нас. Не многу други ни дадоа можност да имаме пристап до нив и да ни помогнат да ја обликуваме нашата приказна. Влегувањето на Фенди во емисијата беше важен момент кој ни помогна да добиеме поголем мода кредибилитет.“, објаснува Сара Џесика Паркер.

Чантите ќе бидат пуштени во продажба на 13 февруари до 13 март, а ќе можат да се купуваат на аукциската страница која сеуште не е пуштена, launch3baguetteauction.fendi.com.

За да ги видите останатите дизајни на ѕвездите за Фенди кликнете на  Fendi 3Baguette Auction Site.

 

x

Check Also

Балканско-европска турнеја на „Работи за кои не зборуваме“

Македонскиот народен театар и Wonderland Theatre со претставата „Работи за кои не ...