Sara Fashion | Костими за капење лето 2019 – #УбавинаВоСитеФорми

Ја видовте ли новата колекција костими за капење на Сара Фешн? Свежа, ултра модерна и екстремно привлечна? Како што вели нивната кампања – оваа сезона, бидете најдобото од себе. Одберете убавина во сите форми. За вас.

Компанијата Де-Та Дејан со етаблираниот бренд Sara Fashion денес ја претстаува овогодинашната SF колекција костими за капење, лето 2019-та, наменета за жени, мажи и деца. Нивната дваесет годишнина ја одбележуваат и со оваа линија каде одново дефинираат што е тоа мода, а притоа додаваат суптилна нишка од светските трендови.

„Оваа сезона, почувствувајте ја вистинската свежина на летото, обземете се од возбуда, од нешто сосема ново за вас. Трагајќи по убавината одберете смели линии, сочни и свежи овошја, диви животински принтови, возбудливо сензуални карнери и бои кои надополнуваат карактери во форми кои го сакаат секое женско тело. Нашата приказна која ја пренесуваат овие модни парчиња е едноставна но многу силна. Позитивен став за животот. Насмевка. Исполнет ден со смеа и радост. Топло лето.“ – изјавија од Сара Фешн.

Со потпис на модната дизајнерка Ивана Кнез, за жените создадоа осум приказни со осум трендови: animal, exotic, domino, text & hromo, fresh, little black bikini, everlasting и curvy. За да може секоја од нив да го пронајде својот омилен. Оној кој и прилега и ја истакнува нејзината храброст, самоувереност и љубов. Дополнително, линијата на акцесоари ја сочинуваат марами-наметки, торби за на плажа, сандали, шешири.

Покрај неа, за него создадоа урбана и мажествена колекција костими за капење. Ќе може да одберат меѓу бои, суптилни принтови, а урбаниот и посакуван изглед е неизбежен при секое парче.

За малечките, SF junior, тие ја создадоа игривата колекцијата од слатки и сончеви костими за капење.

Одберете го уникатниот SF костим за капење за ова лето во сите продажни места на Сара Фешн или онлајн на http://sarafashion.mk/.

x

Check Also

Овој викенд голема забава во Skopje City Mall кој слави 7-ми роденден!

Време е за голема забава, мнооогу награди и шопинг лудило во Skopje ...