САРА ФЕШН со нова колекција пижами за мажи и жени

Оваа седмица македонскиот бренд Сара Фешн ја лансираше својата нова кампања за колекцијата есен – зима 2020/21, пижами наменети за мажи и жени. Истата ја започнуваат со интересни принтови на пижами, а во следните месеци ќе следат постојани новитети во колекцијата како што се нови модели на долна облека маици и килоти.

– Колекцијата се состои од модели на пижами изработени од висококвалитетни материјали со кои удобноста е вистинско задоволство. Женската колекција има колоритни принтови, апликации со текстови, дизајни во различни форми и мотиви кои го збогатуваат моделот, а машката линија има урбани текст принтови кои се супер избор за секој маж. Пижамите се потреба на секој од нас, па удобноста и квалитетот кои се потребни за пријатно спиење и добар старт на денот се клучни ставки, кои освен следењето на светските трендови во дизајнот, се едни од најважните при креирање на колекцијата како и при спроведување на кампањата. – изјавија од тимот.

Оваа кампања е спроведена со нивните соработници: центариот за курсеви и обуки Кариера Плус, модната агенција Црнокрак, General Film Production, моделите Анѓела и Виктор, хотел Мериот, како и целиот тим на Сара Фешн.

Оваа кампања ни ги прикажува сите активности кои ги правиме додека сме во пижами, појадуваме, одмораме по работниот ден, планираме следни активности, зборување со пријателките со часови, релаксирање по тренингот, вечерање и сл. Затоа, уживањето во пижами е навистина значајно за сите.

Како што вели и нивниот слоган: „Со #SF уживам во секое време!“, така и вие уживајте во новата колекција на Сара Фешн која можете да ја најдете во сите СФ продажни места како и онлајн на фејсбук или инстаграм.

x

Check Also

Тага во модниот свет: дизајнерот Кензо Такада почина од коронавирус, ќе го паметиме по моќта на цветниот принт

Јапонскиот дизајнер Кензо Такада почина на 81-годишна возраст од компликации на коронавирусот. ...