Сара Сампајо ни ги покажува трендовите на фармерки за есен 2019, и како да ги комбинираме

Ангелот на Викторија сикрет, Сара Сампајо, позира за едиторијалот и насловната страница на октомвиското издание на „Ел“ Италија.

Фокусот е на модните парчиња од тексас и фармерките, а супермоделот ни покажува и како да ги носиме оваа сезона.

Во тренд е таканаречениот „denim on denim“ стил, односно комбинација на повеќе тексас парчиња. Апсолутен хит е и вестерн стилот – па така, фармерките ги носиме со популарните „каубој“ чизми, кожени модни додатоци во „каубој“ стил и шешири.

Кај фармерките доминираат два тренда – предимезнионирани (широки), кои се носат со високо „завртени“ ногавици и фармерки – шалвари кои се носат под високите чизми.

Оние пак, кои ги преферираат фармерките кои го отцртуваат телото, се уште се во модна игра „слим фит“ моделите.

Над тексас кошулите за оваа сезона модерни се карираните понча и кожените јакни во силни нијанси. Нам пак, особено ни се интересни тексас фустаните и сукњите кои сега се плисирани.

Инспирирајте се за моделите и стиловите од фотогалеријата.

x

Check Also

Вистински Cyber Monday на Fashion Group со -30% попуст на се

Понеделникот кој сите го сакаме, вистински Cyber Monday на Fashion Group само ...