Малку по 13 часот во Битола пристигна Изабел Ипер која плени со едноставниот шарм. Во Епинал беше пречекана од претставници на фестивалот.
Изабел Ипер пристигна во Битола со цел да ја прими специјалната награда Златна камера 300 поради особен придонес кон филмската уметност.
Глумицата дојде во придружба на својата асистентка и со многу скромни барања, што прилега на големината на актерската појава што ја поседува и која е забележана од големите европски и светски режисери.