Па, убави и елoквентни момци и девојки, би можеле да си ја испробате среќата…
Светски популарната модна марка Abercrombie & Fitch за потребите на отворање на ланец во Дубаи годинава, на есен, има потреба од 80 манекени од Србија и регионот во соработка со водечката српска модна агенција Fox Fashion Agency.
Abercrombie & Fitch се занимава со продажба на модна облека по пристапни цени, и веќе со години е активна на американскиот, канадскиот, британскиот и азискиот пазар, од неодамна е хит и на европскиот пазар, а наскоро планира и експанзија на Блискиот Исток.
Предвидено е манекените да работат на продажните места во Дубаи, но некои ќе имаат можност да станат и заштитни лица на марката за рекламните кампањи.
Заинтересираните девојки и момчиња можат да се пријават преку и-меил адресата на foxmodels2013@gmail.com или да побараат повеќе информации за самата аудиција на официјалната Фејсбук страница на агенцијата facebook.com/FoxFashionAgency.
Финалната аудиција ќе се одржи на 15 јуни во Белград и 15 јули во Нови Сад.