Се беше (и сеуште е) музика

Кога еден професионален век долг 40 години ќе се овековечи со монографија и концерт, слободно може да се рече „Се беше музика“.

jagoda_naslovnica autobiografije

Таа сатисфакција ја доживеа Јагода Тренеска –Цветичанин по повод одбележувањето на нејзиното пензионирање на Уметничката академија во Осијек каде предаваше клавир, со промоција на книгата „40 година у знаку повезивања и клавирског мозаика“ и достоинствен концерт насловен „Бисери на коморната музика“.

Jagoda CD.ai

Книгата во која во поднасловот стои „Автобиографија по повод уметничкото делување“ ја издаде Уметничката академија во Осијек. Во неа на 300-ни страници можат да се прочитаат сите уметнички, професионални, културолошки, хуманитарни и општетсвени функции што ги има остварено Јагода Тренеска – Цветичанин, илустрирани со фотографии како сведоци на едно време. Рецензентот проф.Давор Бобиќ напиша – „Сите ние пред заминување во пензија ќе погледнеме наназад и ќе изброиме што сме успеале да оствариме во помала или поголема мерка во однос на она што сме планирале или истрасирале…“

По промоцијата на книгата на Јагода Тренеска –Цветичанин се случи концерт насловен Бисери на коморната музика. Во концертната сала на Музејот на Саловија во Осијек Јагода Тренеска –Цветичанин со десеттина врвни професионални музичари изведоа музички евергрини и класици со клавирска интерпретација  на славеничката, како Аве Марија на Бах, Моцарт, Ј.Готовац, А.Дедиќ, Е.Пупиновски, па секако и неколку стари македонски песни.

Клавирот и музиката и понатаму остануваат составен дел на Јагода Тренеска –Цветичанин.

 

Марина Апостоловска Вујаклија

 

x

Check Also

Објавена новата сликовница од Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, во издание на „Арс Ламина“

Новата книга за деца од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, ...