Се чувствувате малаксани? Овој моќен домашен сок ќе ви ја врати енергијата и ќе ви ја подобри крвната слика

Ако често се чувствувате малаксани и ви треба доза на енергија, вклучете го овој напиток во вашата исхрана за да ви помогне да се опоравите.

Недостатокот на енергија често е резултат на анемија што можете да ја победите со помош на цвекло, моќна храна што го претвара ова смути во вистинска мала енергетска бомба.

Не плашете се од земниот вкус на свежото цвекло, што на многумина не им се допаѓа, бидејќи ќе биде маскиран од друга храна што е во пијалокот. Сочните цреши, малини, слатката банана и лимонот ќе се погрижат за убавиот вкус на смутито кое за кратко време вашето телот ќе го врати во форма.

СОСТОЈКИ ЗА 1-2 ЛИЦА:

– Половина банана
– 1 свежо цвекло
– грст цреши
– грст малини
– 1 морков
– сок од половина лимон
– 2 дл. ладна вода

ПОДГОТОВКА НА ПИЈАЛОКОТ:

Во блендер или апарат за смути ставете ја исечканата банана, додадете го претходно измиеното цвекло исечено на помали коцки, како и измиените малини, црешите (без семки), морковот исечен на помали парчиња, лимонот и водата. Изблендирајте сè убаво додека добиете хомоген пијалок. Ако сакате да го оладите дополнително, додадете неколку коцки мраз. Пијте додека с свеж.

x

Check Also

Иновација во која се вложени повеќе од 8 милијарди долари – IQOS

Филип Морис Интернешнл (ФМИ) прави трансформација во тутунската индустрија со цел да ...