Се роди првото дете на британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс

Момченце е !, вакви беа насловите на британските весници кои ја соопштија веста за раѓањето на новиот член на семејството на премиерот Борис Џонсон.

Во зората на 29 април, во Лондон се роди првото дете на британскиот премиер Борис Џонсон (55) и неговата свршеница Кери Симондс (32), новата „двојка“ на британската политичка моќ. Мајката и синот добро напредуваат, информираат британските весници. Бебето се родило во седмиот месец во истата болница каде Џонсон беше хоспитализиран за „Ковид-19“.

За Борис Џонсон ова е шесто „официјално“ дете. Тој има четири деца од претходната сопруга Марина. Тој исто така има ќерка од вонбрачната врска со консултантката за уметност Хелен Мекинтир. Но, има гласини за уште неколку „неофицијални“ деца.

Премиерот и Симондс сè уште не се во брак и се првата двојка што живее во Даунинг стрит без бурми на рацете.

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...