Се што треба да знаете за BODY BARRE програмата – форма на современа физичка активност

BODY CONCEPT, секогаш во согласност со светските стандарди, ги прати иновативните програми, кои изобилуваат со трајни резултати и завиден прогрес во областа на обликување на женското тело, градејќи совршена женска линија. Денеска ќе зборуваме за една малку подзаборавена форма на вежби, која уште од 2013та. се имлементира кај нас, а нејзин промотер и изведувач е Маја Талевска Печников, поранешна професионална балерина, долгогодишен пилатес инструктор, прв лиценциран инструктор по антигравити фитнес и сопственик на BODY CONCEPT.

Маја Талевска Печников

Станува збор за BODY BARRE програмата, која претставува форма на современа физичка активност, проследена со балетски вокабулар и танцови движења. Најчесто часовите се изведуваат во групи, во специјализирани студиа или спортски сали. Со ваквиот тип на тренинзи се комбинираат танцови движења инспирирани од класичнот и современиот балет, точни позиции и точна поставеност на телото, користејќи го барот (парапет) или поддршка во изведувањето на вежбите.  При изведувањето на вежбите се користат мали пулсирачки движења, опсегот на повторувања е менлив, а положбата на телото се задржува во подолги контракции, изведувајќи изометрични вежби. Најчесто тежината е еднакво распоредена на двете нозе, карличниот дел се притиска напред, а долниот дел на грбот е во исправена и стабилна положба. Дел од движењата се расчленети на лесен и разбирлив начин,  погодени за сите учесници кои се присутни на часот, а одредени структури изведуваат алтернативни вежби погодни за сопствениот потенцијал. BODY BARRE програмата, ни помага да ги зајакнеме мускулите, да го подобриме држењето на телото, давајќи му на телото чист мускулен тонус. За време на тренингот се спојуваат елементи од различни стилови на вежбање вклучувајќи балетски движења, делови од пилатес, видови јога и ритмичка гимнастика.

Од реквизити покрај BARRE (парапет) или поддршка користиме и мали безтежински топки, кои се погодни за координација, рамнотежа и можност за стисок.  тегови со помала тежина (1кг.2 кг. или 3кг.) во зависност од општата состојба и капацитетот на вежбачот, еластични ленти со послаб и појак отпор.

Инаку убаво е да се спомне за почетоците на програмата.Таа за прв пат се појавува во 1959та. година, во Лондон од страна на балерината Лот Берк, која откако се здобива со повреда на грбот, добива идеа да ги комбинира рутинските балетски движења во нејзината терапија за рехабилитација. Формира систем на вежбање, отварајќи го сопственото студио Лоте БЕРК во 1959та година. во нејзиниот подрум. Меѓу учесниците кои ги посетуваат нејзините часови се и Џоан Колинс, Барбара Стрејсенд и многу други. Една од нејзините студентки оваа програма ја носи и ја распространува низ САД отварајќи го студиото Лоте БЕРК во Њујорк СИТИ во 1971г. Каде работи до 2005та. Набрзо програмата и ваквиот тип на вежби се шири низ САД и стекнува ултра популарност, со отворање на голем број студиа и фитнес центри од ваков тип. Оваа програма вистинска популарност добива по објавувањето на филмот Црниот Лебед 2010та. година.

BODY BARRE програмата привлекува популација на жени и девојки кои сакаат да го развијат мускулниот тонус, вклучувајќи поголема јачина издржливост, правилно држење на телото, флаксибилност рамнотежа, стабилност, мускулна дефиниција а сето тоа проследено со слабеење и намален стрес. Вежбите се насочени кон мускулите кои го поддржуваат и стабилизираат телото, а се најчесто подзаборавени и занемарени во секојдневниот живот и во останатите облици на вежбање. BARRE Формите развиваат целосна контрола на телото и одредена фасцинантна естетика. Како мотивација за сите заинтересирани може да се напомене дека со оваа програма со изометриска содржина се разликува од традиционалните форми, бидејќи се одликува со уникатност, оргиналност, внимателно одбрана инспиративна музика и соодветен артикулациски редослед, кој пред се е приближен на танцовите изведби. Учесниците и практикантите се здобиваат со тело на вистински професионални танчери (балерини) ,поголема самодоверба и изразена елеганција и стил.

x

Check Also

Не вежбајте со шминка на лицето, преопасно е!

Сите знаеме дека да се носи мејкап на вежбање не е добро ...