Беати Прислу

Се случи шоуто на Викторија сикрет, Лима си заминува, Прислу се врати во топ форма

Ангелите се вратија на модната писта за 19-то шоу на Викторија сикрет кое се одржа во Њујорк.

Лима

Вечерта беше во знакот на завршувањето на кариерата за Викторија сикрет, на топ моделот Адријана Лима, 37, која на модната писта не ги сокри емоциите, па дури и се видоа нејзините насолзени очи. Од Викторија сикрет пак, и направија омаж на манекенката прикажувајќи на видео бим клипови од поранешните настапи на Лима за Викторија сикрет. Видеото заврши со зборовите „ти благодариме“.

И Лима се заблагодари на Викторија сикрет преку Инстаграм со зборовите – „Драга Викторија, Ти благодарам што ми го покажа светот, што ми ги сподели тајните, и најважно – што не само што ми даде крилја, туку ме научи и да летам“.

На годинешното шоу статусот (и доминацијата на модната писта) на 5 топ модели на Викторија сикрет го имаа ангелите Џиџи и Бела Хадид, Кендал Џенер, Лима, Елза Хоск и Кендис Свонепул.

Џиџи Хадид

Елза Хоск го претстави таканаречениот Фантази бра, направен од Сваровски дијаманти, а во вредност од 1 милион долари.

Топ моделот Беати Принслу се врати на пистата само неколку месеци по породувањето, и тоа во топ форма! 30 годишната манекенка напиша на својот Инстаграм профил – Се чувствувам како никогаш претходно, ја сакам мојата викторија сикрет фамилија толку многу, моето прво шоу беше во 2007, лудо е да помислам како времето лета“.

Вини Харлоу

 

x

Check Also

Ријана во секси фотосесија за празничната кампања на Savage x Fenty 

Празничната кампања на Savage x Fenty е насловена Xtra VIP кампања.  Пред сезоната ...